МВР информира: Поради денешниот протест за „Монструм“ затворени неколку улици

Според информациите на Министерството за внатрешни работи, денес поради најавен протест ќе бидат затворени неколку сообраќајници и тоа улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“ и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Исто така, од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“.

СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Слични содржини