МВР: Издадени 336 решенија за изолација

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 16127 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 633 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 337 контроли во објекти при што евидентиран e 1 објект коj не ги почитувал одлуките на владата.

На територијата на целата држава на вкупно 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што евидентирани се 4 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин се спроведени вкупно 60 лица.

 

Слични содржини