МВР изрече 541 санкција за неносење маска, 190 мерки за несовесните возачи

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 541 прекршок, соопшти МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.

Покрај тоа, МВР објави дека во изминатите 24 часа, продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 мерки за неносење на лична заштита.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Слични содржини