МВР ја затвори истрагата за Мицкоски, доказот потврдувал дека наодите се различни од перцепцијата во јавноста

од Берта Китинска

Началникот на Секторот за внатрешни работи од Скопје, Ристо Ставревски на денешната прес конференција информираше дека од страна на Министерството за внатрешни работи целосно е затворена истрагата поврзана со обвинувањата за кршење на мерките поврзани со Ковид19 од страна на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Постои разлика помеѓу информациите објавени во јавноста и информациите прибавени врз основа на вештачењето. Клучниот доказ потврдува дека наодите се различни од перцепцијата која е создадена во јавноста. Комплетниот материјал е доставен до Основното јавно обвинителство кое треба да даде повеќе информации за доказниот материјал, изјави Ставревски.

Слични содржини