МВР: Казнети 273 скопски возачи, 50 од нив за брзо возење

од Берта Китинска

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден (18 октомври) на територијата на Скопје се изречени вкупно 273 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 31, исто толку за технички неисправни и нерегистрирани возила, за пречекорување на дозволената брзина на движење 50 прекршоци.

Изречени се 15 мерки за неносење сигурносен појас, 25 мерки за непрописно паркирање, 16 возила се подигнати со пајак, а изречени се 49 казни за неносење заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, соопшти МВР.

Слични содржини