МВР казни 204 возачи во Скопје

од Nikola Popovski

МВР вчера казни 204 возачи во Скопје, од кои 118 за брзо возење.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 118 санкции, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за возач почетник“, соопшти полицијата.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Слични содржини