Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да се воздржат од пукање на семејни веселби.
„За пукање на свадби се предвидени и затворски казни, дури и до пет години затвор“, соопштуваат од МВР.

Пукањето е спротивно на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и за тоа е предвидена парична казна од 200 до 500 евра, а затворска казна може да следува ако има потешки последици.

„Зависно од последиците, пукањето може да претставува и кривично дело предизвикување општа опасност, за кое е предвидена и затворска казна од една до пет години согласно член 288 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Оттаму додаваат дека токму на оваа тема било посветено посебно внимание на денешната средба на директорот и помошник-директорот на БЈБ, Сашо Тасевски и Шефик Бајрами, со градоначалникот на Студеничани, Азен Садики и командирот на Полициската станица Драчево, Миле Трифуновски, по што испратија заеднички апел граѓаните да се воздржат од пукање на семејни веселби.

Слични содржини