МВР пишува казни: Возел со 213 километри на час!

од Nikola Popovski

Санкционирани се 297 возачи на територијата на земјава, поради возење со брзина поголема од пропишаната, информираат од МВР.

Од нив, 21 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, додаваат од полицијата.

Според објавената фотографија на сајтот на ресорното министерство, еден од казнетите возачи возел со дури 213 километри на час.

Слични содржини