МВР помогнало во заплена на марихуана вредна над 100.000 евра во Германија

од Nikola Popovski

МВР информира дека во заедничка соработка со германските служби за борба против дрога, во Германија запленета е марихуана вредна над 100.000 евра.

-Во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, по интензивна меѓународна соработка помеѓу нашиот Оддел за организиран и сериозен криминал и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност од преку 100.000 евра. При тоа од страна на надлежните германски служби за борба против дрога за сега лишено од слобода е едно лице, а истрагата продолжува, стои во објавеното од страна на Министерството.

Слични содржини