МВР: Приведени 37 лица, не го почитувале полицискиот час

од Берта Китинска

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Полициски час

Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Слични содржини