МВР со детали: Потврден идентитетот на убиениот во Инџиково

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи излезе во петокот со официјална информација за убиството кое изминатата ноќ се случи во скопско Инџиково, во текот на обид за вооружен грабеж.

„На 13.08.2020 во 23.06 часот во СВР Скопје, М.Н. пријавила дека во двор од куќа во селто Инџиково, скопско, при расправија на две лица со нејзиниот сопруг 49-годишниот И.А., едното од нив со пиштол пукало во него“, се наведува во соопштението.

Според пријавеното, двете лица побарале пари од И.А., но кога им кажал дека нема пари, едното лице пукало кон него.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, информираат од полицијата.

Првично неофицијално беше објавено во медиумите дека засега неиндентификуваните лица по кои се трага, влегле во куќата во којашто имало повеќе лица и од сопственикот барале пари. Откако тој им кажал дека нема пари и им го понудил да го земат неговиот џип, еден од разбојниците му стрелал во главата.

Слични содржини