МВР со детали за сообраќајката на Рузвелтова: Повредени се тројца полицајци

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ноќеска на крстосницата на Рузвелтова со Орце Николов, се случила тешка сообраќајна незгода, во која учествувале полициско возило и такси.

„На 10.07.2021 во 03,37 часот во Скопје на крстосницата од ул.„Франклин Рузвелт“ со ул.„Орце Николов“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „шкода јети“ сопственост на МВР, а управувано од К.Н. и патничко моторно возило „мицибуши спејстар“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.А.(41) од Скопје. Во незгодата со повреди се здобиле возачот (полициски службеник) на возилото “шкода јети“ и двајца сопатници (поолициски службеници) од истото возило, по што им била укажана помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје“, велат од полицијата.

Возачот изгубил контрола над „мицибушито“, од засега непознати причини.

Слични содржини