МВР со детали за тешката сообраќајка кај „Св.Еразмо“: Почина едно лице

од Nikola Popovski

Еден човек загина а тројца се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера на магистралниот пат Подмоље-Охрид, пред манастирот „Св.Еразмо“.

Според информациите од МВР, незгодата се случила помеѓу “фолксваген голф“ управуван од Љ.Г. (51) од Охрид, „ауди А4“ управувано од Е.Љ.(22) од Охрид, „фолксваген голф“ управувано од А.Џ.(46) од Струга и товарно моторно возило „сканија“ управувано од Т.Ѓ.(38) од охридското село Вапила.

„ Во незгодата, сопатникот од возило “фолсваген голф“ Х.Г.(78) од Охрид, од здобиените повреди на пат за болницата „Св.Еразмо“ починал. Со тешки телесни повреди се здобил Љ.Г. а со телесни повреди се здобиле А.Џ. и Е.Љ. констатирани во болницата “Св.Еразмо““ се вели во соопштението.

Увидна екипа од СВР Охрид извршен увид на местото на настанот.

Слични содржини