МВР со меѓународна потерница: Објавено лицето кое учествувало во посредувањето за лажните пасоши

од Nikola Popovski

Откако министерот Оливер Спасовски пред неколку дена објави дека едно лице вмешано во акцијата „Двојник“ е во бегство, на сајтот на Министерството за внатрешни работи осамна меѓународна потерница за Раиф Мифтари од Скопје, кој е осомничен за кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластувања пропишано во членот 353 од Кривичниот законик.

„Мифтари Раиф, од татко  Емин и мајка Радифе, роден 14.11.1981 година во Скопје, каде и живее на улица Клинска Леса. Се бара со наредба број 5 КО.БР.1126/21 од  09.04.2021 година од ОЈО Скопје, за основано сомнение дека сторил кривично дело по член 353 од КЗ на РСМ“, стои на веб страницата на МВР.

Покрај него, во случајот со издавањето македонски пасоши осомничени сè уште 10 лица. На шест уапсени лица во акцијата на МВР им е одреден и притвор како мерка на претпазливост. И на Мифтари му е одреден притвор, кој ќе се спроведе кога ќе биде пронајден.

Слични содржини