МВР во акција: 346 санкционирани возачи во Скопје

од Берта Китинска

За еден ден 150 возачи се казнети поради пречекорување на дозволената брзина.

– На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 346 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 150 прекршоци, нерегистрирани возила 24, 28 санкционирани мотоциклисти и три одземени мотори, 54 мерки за непрописно паркирани возила и 29 возила подигнати со пајак (вкупно 83), а изречени се и 48 санкции за неносење на заштитна маска, велат од МВР.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. МВРапелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Слични содржини