МВР: За 24 часа казнети 641 лицe кои не носеле маски

од Берта Китинска

Од страна на полициските службеници до сега констатирани се вкупно 6404 прекршоци за неносење лична заштита на лицето од кои 641 прекршоци во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат извршени се 776 контроли во објекти при што евидентирани се 7 објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава на вкупно 435 лица им се издадени решенија за изолација, а 75 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што се евидентирани 2 лица кои не ги почитувале овие мерки.

Во државен карантин спроведени се 123 лица.

Слични содржини