МВР за „Локално“: Утврден идентитетот на убиените во Топанско поле

Како што е познато, доцна синоќа, две лица откако беа застрeлани починаа на лице место во скопската населба Топанско поле. Утринава од МВР ги споделиија деталите, а посочија и дека се работи на расчистување на случајот, односно мотивот и сторителите.

„На 05.03.2021 во 02.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Македонско – Косовска бригада“ се слушнало пукање. По излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било пронајдено патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки и две лица кои не давале знаци на живот.. Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт кај двете лица. Пронајдени се чаури од огнено оружје (пиштол и автоматска пушка). Утврден е идентитетот на лицата А.Б.(28) и Б.В.(24), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, стои во краткиот извештај од МВР.

Слични содржини