МВР за тепачката во Куманово: Известен е јавен обвинител, ќе следува соодветен поднесок

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи вечерва се огласи после инцидентот што се случи во Куманово, кога едно момче нападна девојка, по што доби ќотек од друго лице. Според полицијата, за настанот е известен јавен обвинител, а извршен е службен разговор со напаѓачот кој физички ја нападнал девојката.

– Во врска со случајот ќе биде извршен разговор и со други лица и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.

На социјалните мрежи осамна видео, на кое може да се види како момче тепа девојка. Подоцна, истото момче добива ќотек од друго машко лице.

„Прво се силеше на девојче, после 5 минути си го доби и почна да плаче за помош“, стои во описот на видеото.

Според коментарите под видеото, настанот се случил во Куманово, позади културниот дом во центарот на градот.

Слични содржини