МВР: Закани за поставена бомба се испратени до четири училишта во Скопје

од Stefanija Kuzmanovska

Денеска (04.11.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на електронските адреси на четири училишта во Скопје е упатена закана за поставена бомба, соопштуваат од МВР.

Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и училиштата се безбедно евакуирани.

Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини