МВР заштедило 30% електрична енергија за октомври

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека МВР има остварена заштеда од 30% електрична енергија за месец октомври.

Спасовски на официјалниот Фејсбук профилот соопшти дека биле инвестирани 500 милиони денари за енергетска ефикасност во објектите, 18.6 милиони денари за промена на стариот начин на греење со нов и 3.5 милиони денари во соларни панели.

Воедно, министерот потсети дека биле реконструирани 78 објекти.

Владата пред неколку дена потврди дека трендот на заштедите на електрична енергија е во нагорна линија и дека во септември во споредба со истиот месец лани имавме 20 отсто заштеди на електрична енергија, а веќе во октомври констатираме дека имаме пораст и тој изнесува 24 отсто во споредба со октомври 2021 година.

Слични содржини