МВР знае од каде доаѓаат мејловите со закани, тврди Спасовски

од Nikola Popovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уште еднаш повтори дека има неколку правци во истрагата кои ги анализираат со сите служби во врска со лажните дојави за бомби во скопските средни училишта.

-Хибридните закани ги карактеризира тоа. Една од клучните работи во тероризмот е јавноста за нив. Тие сакаат да бидат обзнанени јавно, сето тоа да се дознава многу. Во овој дел, јавноста и транспарентноста не ни оди во прилог на решението. Како и да е, важно е дека сите институции функционираат во полн капацитет и овој предизвик ќе го надминеме заедно, изјавил Спасовски во интервју за Слободен печат ТВ.

Тој информира декка МВР знае од каде доаѓаат мејловите.

Спасовски изјавил и дека еден од изворите на овие хибридни напади е Швајцарија, но тамошните институции се затворени и не може да се добијат поконкретни информации, но познато е и дека токму од оваа земја доаѓаа и серијата закани кои пролетва и минатиот месец пристигнаа на разни адреси на институции, аеродроми и трговски центри во Белград и Загреб.

Слични содржини