МЗ: 273 нови случаи на КОВИД-19, пријавено 8 починати лица

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 2.799 тестови, а регистрирани се 273 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 161, Битола – 21, Прилеп – 16, Кавадарци – 12, Охрид -11, Куманово – 10…

Регистрирани сe 233 оздравени пациенти од: Скопје – 139, Битола – 15, Велес – 11, Куманово – 10, Прилеп – 9, Охрид – 8, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија – по 5, Кичево – 4, Тетово, Струга и Виница – по 3…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 5 починати лица: 2 починати лица од Прилеп (68г и 43г) и по едно починато лице од Битола (79г), Куманово (81г) и Охрид (73г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лица, од Скопје (1), Струмица (1) и Тетово (1), на возраст од 60 до 78 години.

Досега во земјата бројот на починати е 9.172, а бројот на активни случаи изнесува 2.016.

Слични содржини