МЗ: 613 пациенти се лекуваат во ковид-центрите во Скопје

од Nikola Popovski

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 81 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 613 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, информираат од Министерството за здравство.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 46 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 примени пациенти и 14 биле примени на Инфективната клиника во тек на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 4 нови пациенти и 5 деца се хоспитализирани на Клиниката за Детски болести во Скопје.

Во изминатите 24 часа дома биле пуштени 55 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 295 пациенти, велат од МЗ.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 114 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 138 пациенти, додека на Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 лица. На Клиниката за Детски болести има 20 пациенти позитивни на Ковид- 19 вирусот и 7 на ГАК .

Според ресорното министерство голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Од таму додаваат дека бројот на приеми во изминативе денови е зголемен но и дека на сите инфективни одделенија има довод на кислород и болниците можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Слични содржини