МЗ: 702 пациенти со симптоми на ковид-19 се лекуваат во болниците во земјава

од Берта Китинска

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во земјава е пријавено дека се лекуваат 569 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од министерството соопштија дека во моментов 702 пациенти се позитивни и суспектни на ковид-19 вирусот и се лекуваат во болниците во земјава. Од нив 569 се лекуваат во ковид центрите, додека пак во регионалните центри во Битола и Штип се хоспитализирани дополнителни 133 болни. Овие бројки се однесуваат на последните 24 часа.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 48 пациент, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 73 пациенти позитивни на ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 42, а во Струга 30 позитивни и ковид суспектни пациенти. Во болницата во Струмица лежат 30 пациенти, во Кочани 23, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 11 лица позитивни на корона вирусот“ соопштија од МЗ.

Од ресорното министерство информираат дека во болниците во внатрешноста има околу 90 слободни болнички кревети, а се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението од МЗ.

 

Слични содржини