МЗ: Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза

од Берта Китинска

Министерството за здравство излезе со соопштение во кое се вели дека жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.

-Се надеваме дека дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза- велат оттаму.

Министерството за здравство утре поканува претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени ЈЗУ-а.

Во вчерашното известување, велат од Министерството за здравство, објасуваат дека никаде нема издадено забрана за снимање и дека новинарите може непречено да известуваат професионално од каде сметаат дека има потреба или е предмет на јавен интерес.

-Во ниту една задравствена установа, не постои наредба за забрана за видеоснимање и фотографирање од страна на медиумски работници. Медиумите може непречено да си ги вршат работните задачи без притоа некој да им смета или да ги ограничува во професионалното работење- е наведено во вчерашното интервју од министерството за здравство.

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ) денеска реагираа на попречувањето на работата на новинарските екипи кое се случува во кругот на Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

–Според повеќе пријави од колеги кои пристигнаа до канцелариите на ЗНМ и новинарскиот синдикат, за време на викендот и денеска на новинарите и снимателите од страна на обезбедувањето на болницата не им бил дозволен пристап и биле бркани дури и на паркингот на болницата- се вели во реакцијата на ЗНМ.

Слични содржини