МЗ: Нема задоцнето објавување на податоци на починати пациенти

од Берта Китинска

„Приватните болници податоците за егизитирани ги праќаат до ИЈЗ на дневна или на неделна основа. Дента кога истите ќе пристигнат се објавуваат транспарентно со напомена доколку се работи за бројка на починати за период од една недела или подолг период“, за „Локално“ објаснуваат од министерството за здравство.

На 1 Мај во дневната статистика беа запишани 36 починати лица од нив 14 биле регистрирани во период од 1 до 17 април. Воедно во изминатиов период во статистиките кои министерството ги објавува на дневна основа се забележува задоцнување на пријавените смртни слуачи.

„Од почетокот на пандемијата транспарентно се објавуваат сите податоци за позитивни, тестирани, починати, хоспитлизирани пацинети со ковид на територија на цела држава.Институтот за јавно здравје и центрите за јавно здравје на дневна основа добиваат податоци за починатите лица во Јавните здравствени установи како и приватните болници. Се случува понекогаш за починат пациент да се добие резултат од позитивен брис ден два по смртта и тогаш да се пријави тој пациент во базата на починати. Приватните болници податоците за егизитирани ги праќаат до ИЈЗ на дневна или на неделна основа. Дента кога истите ќе пристигнат се објавуваат транспарентно со напомена доколку се работи за бројка на починати за период од една недела или подолг период“, велат од министерството.

Откако деновиве повеќе граѓани се пожалија дека имаат проблеми со повозрасните лица кои се тешко подвижни и се дома, а сакаат да примат вакцина, од министерството најавија теренска вацинација.

„Сите граѓани кои имаат желба да се вакцинираат, ќе им биде овозможено тоа. Веќе неколку недели постои таканаречена теренска вакцинација и се вакцинираат возрасни граѓани во старечки домови, Министерството за здравство ќе излезе во пресрет на сите граѓанин кој сакаат да се вакцинира, а поради здравствени проблеми, не се подвижни и не може да дојдат до вакциналните пунктови“, велат од МЗ.

Б.М.

Слични содржини