МЗ: Нови 29 хоспитализирани лица, 370 вкупно се лекуваат на инфективните одделенија

Во последното деноноќие во Ковид центрите во главниот град се хоспитализирани нови 29 пациенти кои се здобиле со компликации од Ковид 19.

На инфективните одделенија во Скопје се лекуваат вкупно 370 лица кои се сомнителни или потврдени случаи на коронавирусот.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми и тоа по еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за Гастроентерохепатологија, на Клиниката за Неврологија, на Клиниката за Нефрологија и на Институтиот за ТБЦ. Тројца болни се примени на Клиниката за Дерматологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти и 11 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 18 пациенти, на Клиниката за неврологија 19 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 25 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти, на Клиниката за очни болести 4 пациенти, а на ОРЛ 12 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти.

Вкупно 370 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е намален и утрово до 8 часот имало 120 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Слични содржини