МЗ: Нови 580 ковид-случаи од 2431 тестиран

од Nikola Popovski
Министерството за здравство инфомира дека во последните 24 часа се направени 2431 тестирања, а регистрирани се 580 нови случаи на коронавирус.
Билансот по градови изнесува: Скопје 254, Куманово 32, Дебар 10, Штип 12, Прилеп 30, Тетово 2, Струга 7, Велес 28, Битола 23, Охрид 23, Кавадарци 30, Гостивар 18, Гевгелија 15, Струмица 17, Крива Паланка 7, Радовиш 1, Кочани 6, Пробиштип 3, Македонски Брод 2, Пехчево 1, Берово 9, Валандово 3, Виница 1, Свети Николе 1, Кичево 12, Ресен 5, Неготино 9.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572  оздравени пациенти од: Скопје-162, Куманово-30, Дебар-1,  Штип-20, Прилеп-59,  Тетово-14,  Струга-36, Велес-30, Битола-26, Охрид-27, Кавадарци-17, Гостивар-15, Гевгелија-20, Струмица-18, Крива Паланка-15, Радовиш-14, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Валандово-6, Виница-2, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-5, Ресен-6 и Неготино-23.
Досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84709, бројката на оздравени пациенти е 64104, а бројот на активни случаи изнесува 18046.

Слични содржини