МЗ: Нови девет случаи на коронавирус во земјава

од Aleksandar Petrovski

Министерството за здравство информира дека се регистрирани девет нови случаи на коронавирус во земјата. Со ова бројката на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 85.

Фото: Борче Поповски

Според местото на постојано живеење, случаи на КОВИД-19 се регистрирани во 6 градови: Скопје, Дебар, Штип, Кавадарци, Гостивар и Охрид.

Како што соопштуваат од Министерството за здравство, состојбата на хоспитализираните пациенти на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е непроменета во однос на вчера.

Единствената пациентка која е на респираторна машина е во критична фаза, тројца се со форма на потешка пневмонија, но, во моментов се стабилни, а останатите пациенти се со полесна клиничка слика. Сите пациенти кои се на домашно лекување се во постојан контакт со лекарите од клиниката.

Слични содржини