МЗ: Вклучете се во меѓународното истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

од Берта Китинска

Mинистерството за здравство ги повикува граѓаните да се вклучат во меѓународно истражување поврзано со ковид-19 и менталното здравје.

Станува збор за истражување чиј координатор е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ и истото се спроведува во повеќе европски земји, меѓу кои и во нашата.

Координатор кај нас е Универзитетската клиника за психијатрија – Скопје.

„Оваа студија се спроведува со цел процена на влијанието на пандемијата ковид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони“,

велат од Министерството за здравство.
Учеството во истражувањето е со пополнување на онлајн-анкета, а линкот до неа е ТУКА.

Слични содржини