МЗ: ВМРО-ДПМНЕ бескрупулозно ги замајува граѓаните со фабрикувани информации

од Vladimir Zorba

„Лаги, измислици и бескрупулозно замајување на граѓаните со фабрикувани информации, само тоа го слушаме од изјавите највисоките членови на ВМРО ДПМНЕ. Со секојдневните измислици за поврзаноста на министерот Венко Филипче со сопственоста на извесен објект, оваа партија само продолжува да пласира ноторни лаги. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски продолжува со тенденциозното наведување на непостоечка релација меѓу министерот Филипче и неговото семејство со овој објект“, реагираат од Министерството за здравство на вечерашните обвинувања од страна на потпретседателот на ВМРО-ДПМН,Е Александар Николоски, упатени кон министерот Венко Филипче.

„Ваквото упорно повторување на истата дезинформација и покрај тоа што е демантирана, и инволвирањето како на службени така и на приватни лица, од семејството на министерот, ги надминува сите граници на достоинствено, етичко и морално однесување на една политичка партија и нејзиното највисоко членство“, додаваат оттаму.

Слични содржини