МЗТ Скопје Аеродром вечерва претрпеа нов пораз во АБА лигата откако загубија на гостувањето кај Задар со 84:72. По четвртини: 29:18; 23:13; 13:24; 19:17. Ова за МЗТ Скопје беше 15.ти пораз сезонава во АБА лигата.
mzt skopje
Победникот на дуелот беше решен во првиот дел, кој домашната екипа го доби 52:31. Оваа разлика беше превисока за „металците“ да направат пресврт во вториот дел.
Најефикасен на натпреварот беше Филип Краљевиќ со 24 поени, додека кај МЗТ Скопје најмногу поени постигна Ѓорѓе Дреновац 13.
На другите натпревари од 24.коло ќе играат: Тајфун – Партизан, Мега Лекс – Олимпија, Цибона – Крка (сабота), Црвена Звезда – Сутјеска, Цедевита – Металац (недела) и Будуќност – Игокеа (понеделник).
Табела: Будуќност 21-2 (победи-порази), Црвена Звезда 17-6, Цедевита 17-6, Мега Лекс 16-7, Задар 11-13, Цибона 10-13, Партизан 10-13, МЗТ Скопје 9-15, Олимпија 9-14, Игокеа 9-14, Крка 9-14, Крка 9-14, Металац 9-14, Сутјеска 8-15, Тајфун 7-16.

Слични содржини