МЗТ Скопје триумфира над Рогашка за „три од три“ во АБА 2 лигата

од Vladimir Zorba

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија убедлива победа од 74-54 против Рогашка  во третото коло од новата сезона во АБА2 лигата.

Составот од „Јане Сандански“ доминираше во текот на целиот меч и на крајот заслужено стигна до нова победа.

Дамјан Стојановски со 18 поени (пет тројки), девет скока и дури пет украдени топки беше најдобар кај македонскиот тим, додека двоцифрен поентерски ефект имаа уште и Бојан Крстевски со 13 и Нуни Омот со 11 поени. Одлични беа уште и Андреј Маслинко со девет поени и седум скока, Марин Морнар со осум поени, како и Џабари Хиндс со шест поени и исто толку асистенции и Андреј Магдевски со ист број поени и едно додавање помалку од Американецот.

МЗТ Скопје Аеродром, кој сега има учинок 3-0 на стартот од АБА2, и следниот меч ќе го одигра на домашен терен и тоа следната среда против Борац Чачак.

Слични содржини