Нѐ очекува промена на времето, на повеќе места нестабилно со пороен дожд

од Nikola Popovski

Времето денеска ќе биде променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

-Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. УВ зрачењето ќе биде 6, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 29 степени.

До недела, под влијание на циклонска активност времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во текот на овој период се очекува на места да наврнат над 30 литри на метар квадратен. Температурите ќе бидат во опаѓање и под просекот за овој период од годината.

Слични содржини