Најавена иницијатива за разрешување на Данела Арсовска како претседателка на ЗЕЛС

од Radmila Tasevska

Иницијатива за разрешување на скопската градоначалничка, Данела Арсовска, како претседателка, на наредната седница на управниот одбор на Заедницата на единиците на локални самоуправи најави градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, пренесоа неколку медиуми.

Според членот на УО на ЗЕЛС, дискусијата е неизбежна, поради како што вели, пасивизацијата на организацијата.

Според градоначалникот на Радовиш, Ацо Ристов, ваквите реакции се оправдани откако се покажа дека годината што изминува беше погубна за општините .

„Најверојатно по Нова година на наредната седница ќе треба да ги отвориме сите овие прашања, да направиме ретроспектива на минатата година. Да ги видеме резултатите, да видеме што сме поставииле како цели и што сме постигнале. И врз основа на тоа ние треба да донесеме соодветна одлука, дали ќе менуваме нешто во управувањето или во пристапот во кој ЗЕЛС ќе дејствува понатаму“, вели Ристов.

Слични содржини