Најсексапилниот маж на светот во врска со позната актерка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Крис Еванс, кој пред неколку дена беше прогласен за најсекси маж на светот за 2022 година од страна на магазинот People, е во среќна врска со португалската актерка Алба Баптиста.

Како што тврди извор за People, парот е во врска повеќе од една година, а „работите меѓу нив се сериозни“. Набргу откако беше објавено дека се заедно, Крис и Алба беа фотографирани како се држат за раце додека се шетаа низ Централ парк.

Алба зборува пет јазици и е ќерка на инженер и преведувач. Во 2018 година, таа изврши хуманитарна работа во сиропиталиште во Камбоџа со фокус на образованието. Минатата година ја доби наградата Shooting Star на Берлинскиот филмски фестивал.

Слични содржини