Најзаразниот вид на корона кракен се шири со голема брзина во светот

од Radmila Tasevska

Експлозивната, нова варијанта на корона вирусот – XBB. 1.5, со голема брзина се шири низ светот, а според податоците на Светската здравствена организација, тоа е најзаразниот вид откриен од почетокот на пандемијата.

Засега е познато дека новиот вид, познат и како кракен, е откриен во најмалку 29 земји, откако првпат се појави во Њујорк на 22 октомври, објави „Dejli mejl“.

По појавата на кракен, забележан е голем пораст на бројот на заболени, што е прво забрзување од оваа големина по појавата на омикронот минатата зима.

Слични содржини