САД поднесоа официјално барање до Советот за безбедност на ОН за гласање за зголемување на санкциите против Северна Кореја. Ова во вчера го потврди постојаниот претставник на земјата во светската организација Ники Хејли, додавајќи дека гласањето ќе биде одржано во понеделник, 11 септември.
“САД го извести Советот за безбедност на ОН дека ќе свикаат седница на која ќе биде усвоена резолуција која предвидува воведување дополнителни санкции против Северна Кореја. Таа ќе се одржи во понеделник, 11 септември “, соопшти Хејли во писмената изјава. Меркел и Си Џинпин поддржуваат построги санкции против Северна Кореја.
Планот на САД вклучува нафтено ембарго, забрана на севернокорејскиот текстилен увоз и замрзнување на средствата на севернокорејскиот лидер. Во текстот се наведуваат и други мерки, вклучувајќи забрана за создавање на заеднички вложувања со правни лица од Северна Кореја, како и построги ограничувања за вработување на севернокорејски работници кој со дел од своите приходи ја финансираат програмата за нуклеарни ракети на земјата. Во исто време документот овозможува како натамошно затегнување на ограничувањето, така и нивното ублажување и повлекување во зависност од активностите на Пјонгјанг.