На 15 години побегнала и се омажила со терорист на ИСИС: Вдовица на џихадист се премислила! Сега сака да се врати дома во Англија

од desk2

Тинејџерката која побегнала од Британија за да се приклучи на ИСИС изјавила дека луѓето треба да се смилуваат и да ја пуштат да се врати назад во Велика Британија.

19-годишната Шамима Бегум родила дете во сирискиот бегалски камп, а изјавила дека се плаши дека британските власти ќе и го одземат детето ако се врати во родната земја.

Шамима во интервју за “Sky News” објаснила зошто отишла во Сирија и се приклучила на џихадистите. Покрај неа седела жена прекриена со никаб која во рацете држела новороденче.

“Ќе ми биде тешко да се грижам за своето дете тука во кампот. Немам пари. Ако сте тука без пари, тешко можете да се снајдете со тоа што ви го даваат”, рекла таа.

Животот во ИСИС
“На почетокот беше убаво, беше исто како што претставуваа во видео-материјалите. Но, подоцна стана тешко. Кога ја изгубивме Рака, често се селевме, селевме и селевме”, рекла Шамима и додала дека сфатила дека мора да се врати во Британија откако и умрел синот. Тогаш сфатила дека тоа е најдобро за нејзината ќерка и идното дете.

Додала дека пред смртта на своето дете не размислувала за враќање и дека била задоволна со својот начин на живот. На прашањето што ја привлекло во ИСИС, одговорила:

“На видео материјалите видов дека ќе се грижат за мене ако одам во Сирија, дека ќе можам да имам свое семејство и да живеам под правилата на Исламот”.

Бара милост
“Луѓето би требало да имаат милост кон мене со оглед на тоа низ што минав. Не знаев во што се впуштам. Се надевам дека ќе дозволат мое враќање, ако ништо друго, барем поради моето дете. Не можам вечно да останам во кампов. Тоа едноставно не е можно”, рекла Шамима.

“На направив ништо лошо и опасно. Во Сирија четири години бев домаќинка и се грижев за сопругот и децата. Никогаш не загрозив никого и не охрабрував други луѓе да одат во Сирија”, додала таа.

Таа во интервјуто нагласила дека се плаши дека социјалната служба ќе и го одземе детето ако се врати во Велика Британија.

“Знам дека ме чекаат последици ако се вратам. Но, најмногу ме плаши тоа да не ми го земат детето. Ја напуштив Исламската држава токму поради доброто на мојот син и затоа што сакам да му пружам подобар живот. Нема смисла да ми го одземат”, рекла таа.

Шамима Бегум и Амира Абасе имале 15 години, а Каџа Султана 16 кога ја напуштиле Велика Британија во 2015-та година.

На родителите им рекле дека ќе одат заедно некаде на еден ден, а потоа со авион отишле во Турција и подоцна во Сирија. Откако пристигнала во Рака, ја сместиле во куќа со другите идни невести.

“Се пријавив за венчавка со борец кој зборува англиски и има околу 20 до 25 години”, рекла во интервју за “Times”. Десет дена подоцна се омажила со 27-годишен Холанѓанец кој преминал во ислам.

И умреле две деца
Шамима опишала дека тешко ја погодила загубата на децата. Пред неколку месеци и умрел второродениот син кој тогаш имал само 8 месеци.

Верува дека умрел поради болест која е поврзана со потхранетост. Го одвела во болница, но таму немало ни лекови ни доволно медицински персонал.

Нејзиното прво дете, девојче, умрело пред околу еден месец, а имало една година и девет месеци. Рекла дека сака своето следно дете да му обезбеди подобар живот и тоа е главна причина поради која одлучила да го напушти Багуз.

Кога новинарот ја прашал дали животот во Рака, некогашното упориште на ИСИС, ги исполнил нејзините очекувања, одговорила потврдно и рекла дека водела нормален живот.

“Од време на време ќе паднеш некоја бомба, но освен тоа…”, рекла таа.

Опишала и дека не ја исплашило многу кога прв пат видела отсечена глава во канта за ѓубре.

“Тоа беше глава на еден заробеник, непријател на исламот. Мислев само на тоа што би и направил тој на некоја муслиманка ако имал можност”, рекла таа и додала дека не жали за својата одлука да ја напушти Англија, но дека смета дека работата е завршена за Исламската држава и дека има премногу корупција во таа организација.

Слични содржини