На 26 март се носи одлука за преговори со ЕУ, Пендаровски добил информација дека ќе добиеме зелено светло

од Aleksandar Todeski

И покрај состојбата во Шпанија, која е високоризична држава, на 17 овој месец закажаа седница, која дел ќе биде преку видео линк, а на која ќе го ратификуваат протколот за членство во НАТО, посочи претседателот Стево Пендаровски.

„Министерката за родова еднаквост е заразена, а во самоизолација е вицепремиерот. По ова очекуваме само потпис од претседателот, од кој добив гаранција дека тоа ќе биде завшрено иститот ден. Поради короната, за жал не можеме да го организираме настанот кој сакавме да го организиравме во Американскиот Стејт Департмент, каде требаше да бидат присутни Мајк Помпео и Јенс Столтенберг за да го депонираме протоколот и во тој момент, кога се предава протоколот, стануваме членка. На крајот на месецов се предвидува слична манифестација со кревање на македонското знаме пред седиштето на НАТО, но тоа зависи од сосјтобите“, рече Пендаровски.

Тој додаде дека во Брисел се завшрени разговорите за преговори на нашата држава со ЕУ. На 26 март тој процес треба да финишира, а неговите информации, С. Македонија и Албанија ќе дбијат зелено светло.

Слични содржини