На 27 години ја продава невиноста за 100.000 фунти

од Vladimir Zorba

Џиа Кортни има 27 години и одлучи да ја продаде својата невиност на страницата „Cinderella Escorts“. За нејзината невиност ќе се одржи аукција, а почетната цена ќе биде 100.000 фунти. Џиа отсекогаш сонувала да ја изгуби невиноста со „принцот на бел коњ“, но на крајот се определила за попрагматичен пристап.

„Јас се решив на ова затоа што сум уморна од чекање за некаква илузија. Сфатив дека повеќе би сакала пари отколку да ја изгубам невиноста со некој што на крајот нема да ми се допадне, но ќе жалам да го споделам тој посебен момент со него“, изјави таа за LADbible.

„Знам дека можеби звучи сурово, но јас имам 27 години и чекав навистина долго време, но мислам дека ова е попаметно решение“, вели Џиа од Њујорк, која порасна во строго, религиозно семејство.

Со парите од аукцијата, таа сака да патува низ светот, да го исплати студентскиот долг и да обезбеди образование за нејзините браќа и сестри, а можеби и да му купи на семејството убава куќа.

Слични содржини