На Американците само цената на билетите им е важна, не се грижат што авиони паѓаат

од desk2

За американските патници сè уште цената на авионските билети е најважен фактор кога бираат лет, покажала заедничката анкета на Reuters и Ipsos.

Резултатите укажуваат на тоа дека двете несреќи со Boeing 737 MAX имале многу мало влијание на расположението на потрошувачите. Резултатите од анкентираната јавност, објавени денеска, покажуваат дека само половина од возрасните Американци се запознаени со авионските несреќи во Индонезија и Етиопија во кои вкупно загинаа 346 лица.

Во исто време, само 43 проценти од испитаниците го поврзуваат моделот Boeing 737 MAX со тие настани.

Она што е најважно за Boeing во врска со тие несреќи, само три проценти од испитаниците изјавиле дека производителот на авионот или специфичниот модел на авион е важен кога купуваат авионски билет, објави Reuters.

Спротивно на тоа, 57 проценти велат дека им е најважна цената на картата.

Анкетата била спроведена онлајн на примерок од 2.008 испитаници во Америка.

Слични содржини