На аукцијата на уметнички предмети за Украина беа собрани 250.000 евра

од Radmila Tasevska

Фондот на сопругата на украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека на неодамнешната аукциска продажба на предмети на актери и уметници во Франција се собрани 250.000 евра.

На аукција во Париз, меѓу другото, беа продадени несесерот за шминка на актерката Кетрин Денев, кацигата на еден од членовите на групата „Дафт Панк“ и машината за пишување на американскиот актер Том Хенкс.

На таа продажба во аукциската куќа Artcurial беа продадени 50 предмети, меѓу кои и филмската награда Цезар на францускиот режисер Жак Аудиар, која ја доби во 2010 година за продукцијата „Пророк“.

Половина од собраните пари се донирани на платформата UNITED24, основана од Зеленски, а другата половина на фондацијата на неговата сопруга Олена Зеленска.

Дел од парите ќе бидат наменети за реконструкција на болницата во Изиум на истокот на Украина, која беше делумно уништена од воздушните напади на руските сили.

Слични содржини