На барање на голем број компании: Владата покренува автентично толкување на Законот за контрола на опојни дроги

од Nikola Popovski

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија Душко Арсовски и Мухамед Хоџа на денешната редовна прес-конференција информираа дека на вчерашната седница на предлог на Министерството за здравство, Владата ја разгледа и усвои Информација со Предлог – барање за автентично толкување на членот 49 став 1 од Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанци до Собранието на Република Северна Македонија.

Оваа постапка Владата ја покренува заради барањето на голем број компании со лиценци за одгледување канабис за медицински цели за извоз на сушен цвет од канабис, како и заради усогласување на недореченоста во Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, односно дали сушениот цвет може да добие третман на препарат на супстанции и растенија класифицирани во листите II и III, којшто е подобен за извоз надвор од територијата на Република Северна Македонија.

Слични содржини