На Белградскиот саем сместени 49 заболени од коронавирус, меѓу нив и 10-годишно дете

од Aleksandar Petrovski

На саемот во Белград се сместени 49 пациенти заразени од коронавирусот, а од нив 39 мажи и 10 жени. Меѓу нив е и најмладиот пациент, дете од 10 години, потврди државниот секретар во министерството за здравје на Србија, Берислав Векиќ.

– Детето не сакаше да се одвои од мајката, иако сакавме тоа да биде во КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, рекол Векиќ.

Досега од Саемот се отпуштени 18 пациенти, бидејќи вториот тест покажал дека се негативни на коронавирус.

Во Србија досега се потврдени 900 заразени лица, 23 луѓе починале, а 43 се излечени.

Слични содржини