На Бетмен му „забраниле“ орален секс: „Хероите не го прават тоа“

од Vladimir Zorba

Фановите на Бетмен добија неочекуван увид во љубовниот живот на овој херој, откако беше откриено дека сцената која покажува изведување на орален секс на „Жената мачка“ е исфрлена од анимираната серија „Харли Квин“.

Во интервју за „Варајети“, ко-творецот на серијата, Џастин Халперн, откри дека компанијата „ДЦ“ ја исфрлила таа сцена затоа што „хероите не го прават тоа“.

„Неверојатно е задоволство да се користат ликови кои се сметаат за негативци, затоа што едноставно имате многу повеќе уметничка слобода“, рече Халперн и додаде: „Совршен пример за ова е во оваа трета сезона на Харли – имавме момент кога Бетмен „се спушти“ на „Жената мачка“. Компанијата ни рече дека не можеме да ја користиме таа сцена затоа што хероите не го прават тоа“.

Потоа продолжи да ја раскажува контроверзната средба и ги праша лидерите на „ДЦ“ дали суперхероите се себични љубовници.

„Ми рекоа дека продаваме играчки и дека е тешко да се продаде играчка ако Бетмен „се спушти“ на некого“, признава коавторот на серијата.

Иако сцената се покажа како премногу за серијата, „Харли Квин“ претставува поглед на универзумот во ДЦ, кој сè уште е ориентиран кон возрасната популација.

Слични содржини