На Биткоинот му се заканува судбината на златото од 1934 година?

од Nikola Popovski

Најпознатата криптовалута во светот расте во популарност и вредност во последните месеци, но биткоинот наскоро би можел да се соочи со голем отпор од владите ширум светот, кои сакаат да ја запрат децентрализираната валута, вели милијардерот и основач на „Бриџвотер асошиејтс“, Реј Далио.

„Секоја земја го цени својот монопол над контролата на понудата и побарувачката. Не сакаат други валути, бидејќи работите можат да излезат од контрола. „Сметам дека е многу веројатно дека вие (биткоинот), под одреден пакет околности, ќе го забраните на начин на забранување на златото“, рече Далио.

Тој за „Јаху финансис“ го спомна контроверзниот чин од 1934 година, потпишан од американскиот претседател Френклин Рузвелт, со кој се стави крај на приватното поседување и употреба на златото како пари. Со овој акт се утврди и фонд за стабилизација на девизи како резерва за стабилизирање на американскиот долар.

Според инвеститорите, списокот на позитивни карактеристики на биткоинот вклучува безбедност и можност да служи како алтернативно средство и потенцијално складирање на вредност.

„Биткоинот се докажа во последните 10 години“, додаде тој.

Сепак, Далио го карактеризираше биткоинот како потенцијална закана за контролата што светските влади ја имаат врз банкарскиот систем, пренесува РТ.

Слични содржини