На денешен ден: Францускиот цар Наполен I се враќаше понижен кон Париз, по поразот од руските козаци

од Vladimir Zorba

download

12 ноември 2016

1812.- Околу 25.000 војници на разбиената армија на францускиот цар Наполен I, која се повлекуваше од Москва, од руските топовски истрели и јуриши на козаците загинаа на замрзнатата река Березин. По дебаклот на реката, Наполеон побегна со мала придружба во Париз со ветување дека ќе подигне нова армија од 300.000 луѓе, но поразот во Русија беше почеток на крајот на неговата империја.

1833.- Во Санкт Петербург е роден Александар Порфириевич Бородин, руски композитор, припадник на руската музичка „Група на петмина“. Под влијание на рускиот музички фолклор компонира симфонии, гудачки кватети и опери. Неговата најпозната опера е „Кнез Игор“, на која работеше 20 години, а ја довршија Римски – Корсаков и Глазунов. Умре во Санкт Петербург, на 28 февруари 1887 година.

1840.-  Роден е францускиот вајар Огист Роден, еден од најголемите уметници на крајот на 19. и почетокот на 20. век. Скулптури: „Мислител“, „Бакнеж“, „Балзак“, „Граѓани на Кале“, „Вратата не пеколот“, „Вечен идол“, „Пролет“, „Човек со скршен нос“, бисти, актови.

1910.- Во Солун е роден Димо Тодоровски, академик и професор, вајар од првата генерација вајари кои ја втемелија оваа ликовна уметност во Македонија. Тој беше единствен скулптор што се појави меѓу двете светски војни во Македонија. Излагаше самостојно во Скопје, во Белград, Загреб, во Дижон и на други места. Автор е на многубројни споменици во Македонија, како и на скулптурите „Јама“, „Тутуноберачка“, „Гроздоберка“, „На жица“ и други. Умре во Скопје, на 27 април 1983 година.

1912.- Шпанскиот претседател на влада Хозе Каналехас беше убиен од анархистот Мануел Пардинас, кој потоа изврши самоубиство.

1912.- Спасувачка екипа ги пронајде посмртните останки на англискиот поларен истражувач и капетан Роберт Скот, како и на неговите придружници. Се претпоставува дека Скот и неговите членови на експедицијата умреле во март 1912 година, при враќањето од Јужниот Пол.

1918.- Прогласена е првата австриска република, ден по капитулацијата на Германија во Првата светска војна и абдицирањето на царот Карл I, кој беше последен владетел од Хабзбурговата династија.

1919.- Рос и Кејт Смит, англиски пилоти, први полетаа од Лондон за Австралија. Слетаа во австралискиот град Дарвин на 13 декември 1919 година.

1927.- Лав Троцки, по обвинението дека се бори за власт по смртта на Ленин, беше исклучен од владејачката болшевичка партија, а Сталин стана неприкосновен лидер на Советските држави. Лав Троцки од земјата беше протеран во 1929, а во 1940 година беше убиен во Мексико.

1929.- Во Филаделфија, САД, е родена Грејс Патриција Кели, американска филмска актерка, толкувач на драмски ликови и позната по учеството во филмовите на Алфред Хичкок. Главни филмови: „Точно напладне“, „Провинцијалка“, „Повикај М за убиство’, „Прозорец во дворот“, „Високо друштво“. Го напушти филмот кога се омажи за принцот Рение Трети од Монако. Умре во Монако, на 13 септември 1982 година.

1933.- Хитлеровата Национал-социјалистичка работничка партија доби мнозинство во парламентот и дојде на власт во Германија. Тогаш настана најмрачното движење во поновата историја на светот – нацизмот, кој доведе до Втората светска војна. Нацизмот беше доктрина која на човештвото му навести истребување на народите во походот за “големогермански простор”.

1937.- Јапонците го окупираа кинескиот град Шангај.

1941.- Советските вооружени сили го запреа надоаѓањето на нацистичките сили кон Москва.

1942.- Британската Осма армија на генералот Бернард Монтгомери во Втората светска војна повторно го зазеде Тобрук во Либија, заробувајќи најмалку 30.000 германски и италијански војници, и продолжи преку Сахара да го гони разбиениот Африкански корпус на германскиот генерал Ервин Ромел.

1944.- Во Тромзо, северна Норешка, во Втората светска војна сојузниците го потонаа „Тирпиц“, последниот голем воен брод на Германија.

1948.- Поради извршени воени злосторства во Втората светска војна, на смртна казна беа осудени претседателот на владата генералот Хидеки Тоџо и уште шест јапонски функционери.

1955.- Во Загреб умре Аугустин Тин Уевиќ, еден од најголемите поети на современата хрватска литература. Познати се неговите стихозбирки „Лелек на ратајот“, „Медал“, „Песни“ и „Жеден камен на кладенец“. Роден е во Вргорац, на 5 јули 1891 година.

1956.- Новиот унгарски лидер Јанош Кадар го одби влегувањето на набљудувачите на Обединетите нации во Унгарија.

1961.- Родена е романската гимнастичарка Надја Команечи, која за само една вежба на Олимписките игри во Монтреал во 1976 година, прва во историјата на гимнастиката ја доби најголема можна оценка – 10.

1969.- Рускиот писател Александар Солжењицин беше исфрлен од Сојузот на советските писатели, со образложение дека неговото однесување е „антидржавно“.

1970.- Силен циклон и високи бранови усмртија најмалку 200.000 луѓе во Источен Пакистан (сегашен Бандгладеш).

1973.- Во Скопје умре Иван Точко, истакнат современ македонски писател и новинар. Автор е на збирките разкази “Бојана”, “Акорди”, “Прстен”, “Раскази”, “Лебедова песна” и други. Последно негово објавено дело е драмата во осум сцени со пролог “Плуто”. Роден е во Охрид, на 9 јануари 1914 година.

1974.- Поради политиката на апартхејдот, Јужна Африка е суспендирана од Генералното  собрание на Обединетите нации.

1981.- Американскиот спејс-шатл „Колумбија“ вторпат полета во орбитата околу Земјата, станувајќи прво вселенско возило кое е употребено повеќе од еден пат.

1982.- Јуриј Андропев е избран за генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз, ден по смртта на Леонид Брежњев.

1989.- Во Мадрид умре Долорес Ибарури – Ла Пасионарија, едно од најславните имиња на Шпанската граѓанска војна и на шпанското револуционерно движење. Од 1943 до 1960 година беше генерален секретар на КП на Шпанија, а потоа нејзин претседател до крајот на животот. Родена е во местото Гањарта, во Баскија, на 9 декември 1895 година.

1990.- Пине Акихито е крунисан за цар (микадо) на Јапонија.

1991.- Стапија на сила економските санкции на Европската заедница према Србија и Црна Гора.

1991.- Индонезиски трупи во Источен Тимор убија десетина демонстранти кои бараа независност. До 1951 година Источен Тимор беше португалска колонија. Источен Тимор стана независна држава во 2002 година.

1992.- Во Берлин започна судењето на поранешниот претседател на Источна Германија, Ерих Хонекер. На најспектакуларниот судски процес во Германија, Хонекер одговараше за убиство на 12 бегалци. На клупата на обвинетите се најдоа и шест поранешни членови на Министерството за национална одбрана.

1992.- Во Скопје, со одлука на Универзитетскиот совет, Универзитетот „Кирил и Методиј“ пред името на словенските просветители го доби и епитетот Свети, значи „Свети Кирил и Методиј“.

1996.- Во Индија во воздух се судрија саудискиот авион „боинг 747“ и казакстанскиот авион „ту 154“ при што загинаа 350 луѓе.

1999.- Во земјотрес во Турција, со епицентар кај градот Душче, 170 километри источно од Истанбул, загинаа најмалку 550 луѓе.

1999.- На подрачјето на планината Бајгора, 12 километри североисточно од Косовска Митровица, се сруши авионот „ATR-42“ на Светската програма на Обединетите нации за храна. Во несреќата загинаа 21 патник и тројцата членови на екипажот.

2001.- Авион на компанијата „Американ ерлајнс“ од типот „ербас А 300“ со 260 патници и членови на екипажот се урна непосредно по полетувањето врз њујоршкиот кварт Квинс. Во несреќата загинаа сите патници во авионот и членовите на екипажот, како и пет луѓе во разорените куќи.

2003.- Во самоубиствен напад на исламски терористи во Насирија, на југот од Ирак, во експлозија на камион пред базата на италијанската воена полиција загинаа 19 Италијанци и девет Ирачани.

2006.- Бомаш-самоубиец уби 35 и рани 58 луѓе во регрутниот центар на ирачката полиција во Багдат. Напаѓачот со опасен експлозив успеа да влезе во регрутниот центар на ирачката полиција, а потоа и го активира експлозивот. Од американската инвазија врз Ирак во март 2003 година, во земјата загинаа 2.813 американски војници, додека секоја недела во Ирак, според проценките на ОН, загинале по 100 цивили.

2014.- На 67-годишна возраст почина aктерот Ворен Кларк познат по улогата во британската серија „Dalziel and Pascoe“ и филмот „Пеколен портокал“. Кларк неговата успешна телевизиска кариера ја започна во 1960 година и глумеше во „сапуницата“ „Coronation Street“. Славата ја стекна со улогата на детективот Енди Далзијел во серијата „Dalziel and Pascoe“ која се емитуваше од 1966 до 2007 година. Тој глумеше во сериите „Убиство во Мидсамер“, „Мрачна куќа“, „Госпоѓица Марпл“.

Слични содржини