На Џеј Ло не и пречи ниту маската во напорниот тренинг (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Џенифер Лопез (50) напорно тренира сите овие месеци, па дури и носењето заштитна маска не ја спречува.

Стегнатата Џеј Ло папараците ја фотографираа во Мајами за време на невообичаеното возење со велосипед, но не е во прашање оној обичен, туку наменет исклучиво за напорно тренирање.

Таа беше со својот тренер и неколку пријатели, а покрај хеланки, ролерки и патики, носеше и шарена заштитна маска како заштита од коронавирусот.

Во некои моменти, јасно беше исцртано нејзините стомачни мускули, како и сите други делови од нејзиното тело, за што е излишно да се каже колку се затегнати и вредни за восхитување, дури и на 51-годишна возраст.

Покрај возењето во паркот, Џеј Ло, исто така, се потеше и покрај плажата, па дури и маската што ја носи (со која е значително потешко да дише за време на тренингот) не и пречеше во напорниот тренинг, а којзнае колку пати покажа одлична кондиција.

Слични содржини