На директорот на Српски железници му е одреден 30-дневен притвор

од Nikola Popovski

Специјалниот суд во Белград му одреди 30-дневен притвор на директорот на Српски железници, Мирољуб Јевтиќ поради сомнеж дека примил поткуп во износ од 10.000 евра за експропријација на земјиште, кое се наоѓа на планираната траса за изградба на брза пруга.

Останатите тројца осомничени за давање мито, еден член на Надзорен одбор и двајца адвокати, се пуштени да се бранат од слобода.

Адвокатите се осомничени дека го дале поткупот, бидејќи во договор со директорот на Српските железници ги фактурирале своите правни услуги во повеќемилионски износи и тие пари подоцна ги делеле меѓу себе.

Слични содржини